Многу порфесионални спортисти имаат големи проблеми да се прилагодат на животот после завршување на кариерата, но не и контроверзниот Австралиец Ник Кирјос.

Австралиецот и покрај тоа шро има само 25. години веќе знае со што ќе се занимава позавршување на кариерата. За да ја пронајде својата нова професија најверојатно му помогна и десетмесечната пауза од тениските турнири. Доколку заигра на претстојнит грен сел мтурнир Австралија опен, тоа ќе биде точно една година од последниот негов настап, поточно на турнирот во Акапулко.

Тој моментно е 45. тенисер на АТП листата и не бележи многу добри резултати какви што се очекуваа од него пред неколку години. Заради тоа се поставува прашањето дали Кирјос има воопшто мотив да се занимава со тенисот и дали веќе размислува за крај на кариерата.

-Кога ќе стигнам до десет години во професионалниот тенис, ќе се обидам да направам транзиција во „гејминг“. Навистина мислам дека сум доволно добар, но се уште сакам целото време да му го посветам на тенисот, изјави Кирјос за своите планови за иднината.

Со оглед на тоа што Кирјос стана професионалец во 2013 година, на турнирите ќе  биде присутен уште најмалку три години.