Реал (М) секогаш е фаворит кога игра на домашен терен, но тоа непишано правило се покажа како големо промашување во саботата кога вечниот ривал, тимот на Барселона, одигра совршено на „Сантијаго Бернабеу“ и сосема заслужено славеше со убедливи 4:0.
Првите два гола беа дело на Роберт Левандовски кој можеше да го постигне и хет-трик, но немаше среќа и промаши празен гол. Третиот гол беше дело на Ламин Јамала, додека победата на гостувањето кај Реал (М) ја потврди брилијантниот Рафиња.
Сепак, она што го привлече вниманието на сите е тоа што се случи откако Јамал постигна гол за водство на Барселона од 3:0.
Имено, додека тој го славеше голот со соиграчите, навивачите на „кралскиот клуб“ жестоко го навредуваа, а дел од нив упатија и расистички навреди.
„Еб*на црнчуга“, извикуваа некои навивачи на Реал (М).
Прашање е дали актуелниот шампион на Шпанија ќе биде казнет за тоа што се случи, но има уште едно поголемо прашање.
Имено, бразилскиот интернационалец, Винисиус Јуниор, пред неколку недели се расплака затоа што навивачите ширум Шпанија го навредуваа на секаков можен начин, а сега истото се се случи во „неговиот двор“.
И со право, шпанската јавност го постави прашањето дали Бразилецот сега ќе реагира како што реагираше со плачење во изминатите неколку месеци.
Токму Винисиус многупати побарал заштита бидејќи го навредуваат поради бојата на кожата, но сега тоа му се случи на големиот талент од редовите на Барселона и прашање е каква ќе биде реакцијата на крилниот напаѓач на „кралскиот клуб“.