Крајот од мечпт меѓу Украинакта Елена Свитолина и  Белорусинакта Викторија Азаренка на грен слем турнирот Вимблдон,  донесе голем скандал, кој почна со исвиркување на Белорусинката од публиката на „Ол Ингланд клубот“, а заврши со нејзин одговор на прес-конференцијата на мечот.

Проблемот почна откако Белорусинката по поразот веднаш се поздрави со судијата, а потоа само од далеку со крената рака ја поздрави противничката, а не традиционално со ракување на мрежа. Ова донесе бурна реакција од присутните, кои мислеа дека таа не сакала да се најде во близина на Свитолина.

„Не знам зошто го направив тоа, немам идеја. Знам само дека нема никогаш да го повторам“, изјави Азаренка.

Тенисерката потоа се налути на новинарите поради прашањата за нејзиниот однос со Свитолина, која е Украинка односно на другата страна од војната на која заедно со Русите  се и Белорусите.

„Вие намерно форсирате вакви моменти за да направите скандал каде што го нема. Со Елена долго време имавме добро односи, но сега ситуацијата е поинаква. Свесна сум дека таа не сака да се ракува со противничките од Русија и Белорусија и јас го почитувам тоа. А, што требаше да направам, да стојам на мрежа и да чекам да се смилува да ме поздрави? Направив нешто што мислам дека изразува почит на нејзината одлука. Не гледам зошто ме исвирка публиката, но таа веќе беше пијана и затоа премногу не се грижам поради тоа“, дополни ветеранката.

Азаенка има веќе 33 години и зад себе има импресивна кариера со победи на Австралија опен во 2012 и 2013 година. На врвот од ВТА листата мина 51 недела, а во моментов е на 20. позиција.