Што се соли пред, а што по готвење?

701

Вистинската мерка на сол во текот на готвењето веројатно е вештина која го одредува добриот готвач. Дали треба да се става сол пред, или по подготовката? Некои тврдат дека солта го забавува готвењето на некои намирници, како на пример месото, кое ако се посоли пред готвењето станува потврдо.

Ова се неколку совети на експерти, готвачи и нутриционисти околу тоа кои намирници кога треба да се посолат.

Грав

Експертите се неусогласени кога станува збор за готвењето грав и додавање сол. Старите готвачи велат дека ако ја посолите водата пред да започнете со готвење грав, драстично ќе го забавите времето за термичка обработка, така што гравот може да остане тврд. По препораките, водата во која се готви гравот треба да се соли само кога зрната ќе омекнат.

Тестенини

Секогаш во водата прво ставете сол, а потоа додадете ги тестенините. Тестенините се чист скроб, кој апсорбира одредена количина вода за да омекне. Кога апсорбира солена вода, тестенините исто така добиваат вкус. Потребна ви е една лажичка сол за една кутија тестенини, велат готвачите. Поголемиот дел од солта ќе остане во водата што ќе ја исцедите.

Ориз

Посолете го како и тестенините, пред варењето, за да може да ги апсорбира вкусовите. Единствената разлика е количината на сол. За оризот потребно ви е многу помалку сол. Оризот е леплив по готвењето, така што солта што ќе ја ставите по варењето не може рамномерно да се распредели.

Варен зеленчук

Сол ја извлекува течноста од храната. Кога го подготвувате зеленчукот, прво посолете го, бидејќи ќе омекне. Меѓутоа, ако сакате да го карамелизирате кромидот, тогаш посолете го по печењето, за да добие темна боја. Ако сакате кромидот да не се чувствува во јадењето, тогаш посолете го веднаш штом го ставите на маслото.

Печурки

Тајната на вкусните печурки е ниската температура на која се динстаат, малку масло и сол, која се додава на крајот. Ако ги посолите на почетокот на готвењето, ќе пуштат големо количество вода.

Месо

Ако го солите пред печење, месото ќе има совршен вкус. Вареното месо, посолете го на крајот на термичката обработка, исто како кога варите домашна супа.

Компири

Веројатно знаете дека компирите се совршено решение, ако сте ја пресолиле храната. Кога ќе го варите, малку посолете ја водата, па потоа додадете го компирот. Така ќе имаат совршен вкус. Остатокот од солта, додадете ја после варењето, ако има потреба.