Што се случува во Шпанија? Силен топлотен бран ја зафати земјата среде зима, температурите до плус 28!

4344

Во јужна Шпанија денеска температурите надминаа 28 степени Целзиусови, што е втора највисока регистрирана вредност за јануари од 1985 година. AEMET, националната метеоролошка агенција на Шпанија, извести дека во медитеранскиот регион Мурсија, максималната температура достигнала 28,2 Целзиусови степени.

Температурите достигнаа 21 степен во градовите Албасете, Палма де Мајорка и Бадахоз, 23 степени во Кордоба и Хуелва, 25 степени во Валенсија и Аликанте и 26 степени во Гранада.

Топлото време ги намами луѓето на отворено. Фотографиите од Малвароса, Валенсија ги прикажуваат локалните жители како се сончаат и играат одбојка на плажа во овој необично топол зимски ден.

Научниците ги поврзуваат зголемените температури и сувите, ветровити услови во различни делови на светот, вклучително и јужна Европа, со климатските промени. Претходната година беше потврдена како најтоплата досега, со глобалната просечна температура на површината достигна 14,98 Целзиусови степени во 2023 година, надминувајќи го рекордот поставен во 2016 година. Во Шпанија, тие рекордни температури доведоа до последователни топлотни бранови, предизвикувајќи шумски пожари и суши.

Соседната Португалија, исто така, доживеа невообичаена топлина, со температури кои во четвртокот достигнаа 23 степени Целзиусови во некои региони, а метеоролошката агенција IPMA предвидува максимална температура од 24 степени Целзиусови во петок – осум до девет степени над нормалното ниво.