Ако се уште се плашите од вакцинација, можеби овој текст ќе ви разјасни некои работи, а најмногу што се случува во телото кога ќе ја примите вакцината против корона вирусот.
Светот се бори со пандемијата на ковид повеќе од една и пол година, вакцините се достапни со месеци, но некои луѓе сe уште се плашат да се вакцинираат. Премногу информации за тоа како функционираат вакцините, исто така, придонесуваат за тој страв, а некои од тие информации е тешко да се разберат.
Како функционираат вакцините
Најважното нешто што треба да се разбере за вакцините е тоа што тие го учат вашето тело како да биде подготвено да се бори против инфекцијата без всушност да го навлезе вирусот во вашето тело.
Вакцините на Фајзер и Модерна, делуваат на ист начин, а се фокусираат на „спајк“ протеинот на корона вирусот. За да биде појасно што е „спајк“ протеин, замислете го корона вирусот како топче, кое има испакнатини по себе, а тоа се всушност „спајк“ протеините.
Овие испакнатини или протеини овозможуваат вирусот да влезе во клетките за да се размножи, а тоа се прави со „прикачување“ за рецепторите во човечките клетки – особено за клетките во белите дробови. На овој начин, вирусот ги „напаѓа“ здравите клетки и ги инфицира.
Главната разлика помеѓу Фајзер и Модерна и другите вакцини – кинески Синофарм и руски Спутник, е дека првите две ги пренесуваат сите потребни информации за протеинот преку молекулите на РНК, додека другите две ги пренесуваат преку ДНК.
Што се случува кога вакцината влегува во телото
Кога вакцината се аплицира во телото, РНК или ДНК (во зависност од тоа која вакцина се дава) се апсорбираат од ткивни клетки и специјални имунолошки клетки во мускулите, кожата и органите, и овие клетки се нарекуваат дендритични. Ги „следат“ сите клетки во телото и се грижат да не се појави натрапник, како што е корона вирусот.
Штом ДНК или РНК стигнат до дендритичните клетки, им се наложува да направат протеин, и овој процес обично трае помалку од 12 часа. После тоа, овие протеини се подготвени да бидат „прикажани“ на имунолошкиот систем, а клетките се распаѓаат и ја елиминираат РНК или ДНК.
Важно е да се знае дека иако имунолошките клетки создале протеини, тие немаат доволно информации за да направат копии од целиот вирус. Но, овој протеин може да го стимулира имунолошкиот систем да ја зајакне својата одбрана, така што ќе биде подготвен доколку корона вирусот влезе во телото.
Кога ткивните клетки и дендритичните клетки препознаваат протеин на натрапници, клетките испраќаат делови од протеинот, така што сега другите клетки можат да го детектираат вирусот. Дендритичните клетки исто така испраќаат предупредувачки сигнал за да ги предупредат другите дека овие натрапници се закана.
Благодарение на овој процес, телото сега е во состојба на подготвеност, односно е подготвено да научи да се бори против натрапниците – во овој случај протеините што се создадени по инјектирањето на вакцината против Ковид -19.
Извор. Мондо.рс