Диомидис Николетопулос: 75 години традиција, успех и прогрес заедно со заедницата, заедно со македонската економија

61

Во 2019 година Стопанска банка АД – Скопје ќе одбележува 75 години традиција, успех и прогрес заедно со заедницата, заедно со македонската економија, објави порталот Економија и бизнис.

Овој наратив сакаме да го поткрепиме со дополнителен раст во нашето дејствување како една од системските банки на пазарот преку понуда на нови, современи банкарски производи, решенија и услуги, и посебно преку поддршката на инфраструктурните проекти на пазарот. Нашите долгорочни планови се градени врз основа на очекуван раст на економијата, зголемена инвестициска активност кај компаниите, раст на извозот и бројот на работни места, раст на просечните месечни примања и секако поддржани од сеопфатната понуда на нашите производи и услуги.