Што ни порача Меркел од Загреб !

177

Германската канцеларка Ангела Меркел, која викендов престојуваше во Загреб,  Хрватска, го кажа својот став во однос на проширувањето на Европската Унија.

Меркел вели дека Берлин „начелно ја поддржува“ европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но дека „притоа треба да се земе предвид дека критериумите мора да бидат исполнети“.

Таа рече дека со тоа прашање ќе се позанимаваат.

Слични пораки стигнуваат и од Франција. Македонија во јуни очекува датум за старт на преговори со ЕУ, но неизвесност има.