Што можете, а што не смеете да јадете на празен стомак!

336

Наутро, на телото му се потребни многу хранливи материи како што се јаглени хидрати, белковини, растителни влакна. За да не направите хаос во организмот убаво е да запомните што е корисно, а што никако не смеете да консумирате на празен стомак.

Денот можете да го започнете со:

Овесни снегулки
Богати се со влакна кои го намалуваат холестеролот. Затоа направете си овесна каша и подолго време ќе бидете сити.

Јајца
Иако имаат малку калории, даваат чувство на ситот. Нискокаличниот појадок ќе ви остави повеќе простор за други дневни оброци.

Лубеница
Богата е со течност која одлично влијае на празен желудник.

Боровинки
Го подобруваат паметењето и ја поттикнуваат размената на материите, што е многу корисно наутро.

Интегрален леб
Содржи јаглени хидрати и други важни хранливи материи кои е најдобро да се консумираат наутро.

Јаткасти плодови

Ја поттикнуваат работата на системот за варење, ја регулираат вредноста на киселоста во желудникот, особено ако ги јадете за појадок.


Мед
Неговата лековитост е неверојатна, а ако го јадете наутро на празен желудник ќе имате сила за цел ден.

А што не смеете да јадете на празен желудник:

Јогурт
Ако испиете јогурт на празен стомак ќе ги надразните бактериите на млечната киселина. Тоа важи и за другите ферментирани млечни производи како кефирот или сирењето.

Печива со квасец
Квасецот го иритира празниот желудник и предизвикува дуење и гасови. Во разни пекарски производи уживајте попладне.

Слатки
Слатките на празен желудник не се добра идеја. Ќе порасне нивото на инсулин, а така расте и ризикот од дијабетес.


Домат
Содржи киселини кои го зголемуваат нивото на киселост во желудникот.

Краставица
Како и другиот суров зеленчук, можат да предизвикаат подригнување, надуеност и болку во абдоменот.

Банани
Може да ви порасне нивото на магнезиум, а тоа му штети на срцето.