Двајцата мажи кои се осомничени дека го удриле детето и ја сокриле повредената Данка во багажникот на автомобилот, а во исто време го лажеле нејзиниот татко дека не ја виделе денеска треба да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Засега не се знае дали избрале адвокати или пак по службена должност ќе им бидат доделени бранители. Тие се веќе приведени, а делото за кое се товарат е тешко убиство за кое е предвидена затворска казна до 40 години.
Српскиот адвокат Вук Стевановиќ вели дека само признанието не е доволно за да се осуди некого. Кога телото не е пронајдено, обвинетиот за убиство може да биде осуден, доколку има други докази врз основа на кои судот оцени дека некој сторил кривично дело“, вели соговорникот за Мондо.
„Во овој случај, цврст доказ е ДНК во автомобилот, кој е вештачен. Доколку се утврди дека е на Данка, може да се поврзе со сторителите“, вели адвокатот, потсетувајќи се на примерот со исчезнатата Ана Волш, чие тело никогаш не беше пронајдено, а за чие убиство беше обвинет и осуден нејзиниот сопруг Брајан Волш.
„Нејзиното тело никогаш не беше пронајдено, но врз основа на други докази кои беа пронајдени во куќата – ДНК-материјалот на оружјето, неговите движења во критичниот ден, доведоа до пресуда. Тоа се работи кои можат да укажат дека некој извршил злосторство“, истакнува Стевановиќ.
„Доколку телото не се најде и нема можност да се изврши обдукција, тоа и дава простор на одбраната да влијае на висината на казната за потенцијалните убијци. Доколку се утврди дека овие лица го убиле детето на начин како што опишале , ќе добијат висока казна“, вели адвокатот.
„Во овој момент е тешко однапред да се процени. Доколку се соберат докази дека сториле кривично дело на ваков начин, не можат да добијат лесна казна. Не е потребно да се најде тело, туку другите докази кои ќе ја поткрепат пресудата против нив мора да бидат доволно силни.
Истрагата ќе покаже колку се силни тие докази – ДНК во автомобилот може да биде силен доказ. Друг доказ е движењето на возилото. Се враќале, тоа се поклопува со нивната приказна дека се обиделе да го сокријат телото, но тоа треба да го утврдат надлежните“, посочува Вук Стевановиќ.