Штипски „Исар“ изгради над 11 километри водоводна и канализациона мрежа

132

Штипското комунално претпријатие „Исар“ за 11 месеци има изградено и реконструирано вкупно 11 километри и 300 метри водоводни и канализациони мрежи. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека изградени се седум километри водоводна, а три километри и 300 метри канализациона мрежа. Инвестицијата изнесува околу 42 милиони денари.

-Исто така, имаме избушено и нови бунари за водоснабдување, кои се ставени во функција и оваа година ако не беа избушени овие два нови бунари, граѓаните ќе стравуваа околу водоснабдувањето. Но, со нивното ставање во функција можам да кажам дека во  летниот период, кога температурите беа високи успеавме водоснабдувањето да биде нормално и секогаш да имаат вода граѓаните- вели Тасев.

Тој забележа дека годинава штипското комунално претпријатие „Исар“ инвестираше и во две нови возила, косачки, а набавени се  135 контејнери и 145 кошчиња за отпадоци. Тасев појаснува дека новите возила и инвсетициите во комунална хигиена чинат над 11 милиони денари. Тој најави дека и наредната година приоритет ќе биде водоснабдувањето, но и парковите површини и зелените простори околу булеварите.

-Во однос на водовод и канализација ќе има нова водоводна линија кон населбата Чардаклија. Знаете дека оваа година имаше поголеми инвестиции во населбата Балканска и на улицата „Сутјеска“, а очекуваме не само населбата  Чардаклија, туку и Македонка ќе добијат нова водоводна линија, односно ќе добијат вода од Филтер станицата-изјави Тасев.

Директорот очекува и инвестиции во постојната филтер станица, којашто треба да се прилагоди за прием на водата од хидросистемот „Злетовица“. Средствата за овој капитален проект ги обезбедува Владата, а бенефитот какошто вели Тасев е и во намалување на трошоците, коишто сега ги имаат, со користење на бунарскиот систем. Во моментов ЈП „Исар“ прави месечни сметки од 3.500.000 денари за струја, за црпење на водата од бунарите.

-Годишно тоа е околу 40 милиони денари, ако овој трошок го намалиме на еден милион ќе имаме заштеда од 12 милиони денари годишно-информира Тасев.

Раководството на ЈП „Исар“ ја прави новата Програма за работа за 2020 година, во