Штети од градобијни зрна кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро

153

Невремето проследено со град што синоќа го зафати Кавадаречко, направи штети кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро. Оваа информација за МИА ја потврди Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

-Штети и до педесет проценти се регистрирани во месностите ,,Ума” и ,,Шамаци”, оштетени се околу 60 хектари земјоделска површина. Таму виновите лози биле зафатени со град со големина на лешник, кој интензивно паѓал околу 15 минути, информира Николов.

До сите оштетени лозари, тој упати совет да ги заштитат своите лозови насади со бакарни препарати, веднаш штом се создадат услови за тоа.