Штаермеркише Шпаркасе за 52 милиони евра ја купува Охридска банка од Сосиете Женертал

241

„Штаермеркише Банка“ и „Шпаркасе“ од Грац за 52 милиони евра купува 74,5 проценти од акциите со право на глас на Сосиете Женерал во Охридска банка. Со тоа „Шпаркасе“ станува четврта банка во државата според големината, со пазарен удел до 14 проценти и фокус, како и досег,а на малите и средните претпријатија и на населението.

Договорот е потпишан, и сега следува одобрување од надлежните регулаторни тела во нашата држава, но според раководството на Штаермеркише Шпаркасе, работата може да се смета за завршена и банката како нова целина треба да почне да функционира од втората половина на идната година со над 50 експозитури и 140 илјади коминтенти.
Од банката не кажуваат конкретно дали ќе има отпуштања на вработени, но велат дека ако се случи тоа, сите ќе бидат соодветно згрижени.


Намерата на оваа австриска банка е да го преземе целиот капитал на Сосиете Женерал Франција во Охридска банка. Купувањето на акциите ќе оди преку берза со понуда до сите акционери по иста цена од околу 6.300 денари од кација.


Од раководството на банката велат дека големо влијание за донесување на одлуката за купување на Охридска банка имало потпишувањето на Преспанскиот договор. Сметаат дека во нашата држава инвестициската клима е одлична, како и соработката со институциите, па велат дека на сите потенцијални инвеститори ќе им препорачаат да не се двоумат кога ќе решаваат дали да го вложат својот капитал во Република Северна Македонија.