Големите ривали од шпанската Примера дивизион, Атлетико (М) и Валенсија, сакаат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на најскапо платениот фудбалер во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.
Чилеанскиот интернационалец има неделна плата од 500.000 фунти, но клупските челници не се задоволи од партиите кои ги прикажува во актуелната сезона. Двата шпански клуба сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Удинезе, Барселона и Арсенал, а потоа, на крајот од сезоната, да го откупат неговиот договор.