Шпанија ја зафати силно невреме, загинаа најмалку четири лица/ВИДЕО

91

Најмалку четири лица загинаа во силно невреме што викендов ја погоди Шпанија, соопштија локалните власти.

Телата на двајца мажи беа пронајдени во понеделникот во Толедо, провинција јужно од Мадрид, соопшти владата на регионот Кастиља-Ла Манча.

Едната од жртвите починала во возилото, а другата е пронајдена мртва во лифтот на гаражата.

Сообраќајот меѓу Мадрид и Андалузија, како и меѓу главниот град и Толедо е прекинат, објави „Ел Паис“.

Железничкиот сообраќај денеска беше во прекин на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија и Барселона.

Во Мадрид, Кастилја, Баскија и Риоха сè уште е во сила жолтиот метео аларм. Централниот и југоисточниот дел на Шпанија во неделата беа погодени од невреме, блокирајќи го сообраќајот на голем број патишта, паднаа дрвја и поплавија куќи.

Момчето кое со татко му исчезнало откако нивното возило паднало во реката, утрово околу 8 часот било спасено. Момчето, за кое се вели дека има помалку од 10 години, било пронајдено како седи на дрво, пренесува Ел Паис.

Спасувачките служби продолжуваат да трагаат по неговиот татко.

Во возилото биле мајката и сестрата, но биле спасени и пренесени во болница.