Шпанија воведе данок за мултинационалните компании и банкарските гиганти

31

Шпанскиот парламент одобри даночен пакет за мултинационалните компании и банкарските гиганти во значајна, но  тешко извојувана победа на малцинската левичарска влада. Социјалистите на премиерот Педро Санчес собраа доволна поддршка по недели напорни преговори, за да овозможат за мерката да гласаат 178 пратеници наспроти 171 против.

Четвртата по големина економија на ЕУ ќе воведе минимална даночна стапка од 15 отсто за големите мултинационални компании. Во текстот на законот исто така стои дека се зголемени даноците на тутун, на високите приходи и на банкарските гиганти, со што се заменува привремената мерка воведена во 2023 година што истекува годинава.

Санчес рече дека со реформата, даночниот систем на Шпанија ќе биде поправеден, како и дека ќе ги заштити јавните услуги.

Банкарскиот сектор го критикуваше данокот насочен кон него тврдејќи дека е смислен хаотично и нетранспарентно и дека создава правна несигурност и сериозни економски ефекти. Банкарските групи АЕБ и ЦЕЦА изјавија дека данокот нема паралела во ЕУ и дека на шпанските семејства и на претпријатијата ќе им одземе 50 милијарди евра.

Владата је одложи одлуката за данок на екстра приходните на енергетските компании, која ги подели нејзините сојузници во парламентот и предизвика страв од егзодус на инвестициите и на индустриските гиганти.