Екипата на Шкупи запиша нова победа во домашното првенство, откако во дерби пресметката од 9. коло, славеше на домашен терен против шампионот Струга со 2:0.
До овој тирумф, Шкупи дојде во второто полувреме благодарение на погодоците Куевен во 52. минута и на Воша во судиското продолжение.
Најтрофејниот фудбалски клуб, екипата на Вардар, ремизираше без голови на гостувањето во Штип кај Брегалница, како и Шкендија против Гостивар (2:2).
Најмногу голови имаше во Кратово каде Силекс со 4:2 ја победи Воска, додека Работнички со гол на Мазари го победи Тиквеш со 1:0.