Словачкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Милан Шкринар, е најновата желба на раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи. Менаџерот на „сините“, Томас Тухел, е убеден дека Шкринар може да биде решение за сите дефанзивни проблеми и затоа англиските медиуми се убедени дека за време на зимскиот преоден рок Челзи ќе испрати официјална понуда не помала од 60 мил. фунти.