Шкринар му забива нов нож во грб на Интер!

89

Репрезентативецот на Словачка, Милан Шкринар одигра одлично во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер каде пристигна летото 2017 година и имаше сигурно место во стартниот тим на клубот од „Џузепе Меаца“.

Сепак, во 2023 година, тој одлучи да не го продолжи договорот и тоа лето имаше можност бесплатно да си замине од Интер бидејќи му заврши договорот.

Централниот дефанзивец одби да преговара со Интер за нов договор кога ПСЖ го контактираше и реши да замине во Париз, но се покажа дека репрезентативецот на Словачка направи огромна грешка.

Словакот потпиша договор со парижаните до летото 2028 година и беше претставен како големо засилување, но од доаѓањето во ПСЖ повеќе седеше на клупата отколку што играше натпревари за францускиот тим.

Јасно е колку Шкринар е незадоволен од својот статус, кој не е променет ниту оваа сезона, бидејќи одигра само пет натпревари на кои главно влегуваше во игра од клупата за резерви.

Дефанзивецот неодамна разговараше со челниците на клубот и јасно стави до знаење дека сака да замине веќе во јануари бидејќи неговата цел повеќе не е да седи на клупата. ПСЖ го прифати неговото барање и соопшти дека ќе го продаде доколку дојде задоволителна понуда.

Француските медиуми пишуваат дека Шкринар сигурно ќе го напушти ПСЖ во јануари и дека неговиот трансфер е веќе договорен, а тој се враќа во Италија.

Имено, Шкринар во јануари ќе потпише за Јувентус и ќе биде големо засилување за „старата дама“, но јасно е и што значи овој потпис за него.

Шкринар не си замина како што треба од Интер бидејќи си замина без отштета што беше голем удар за клубот, но токму кога навивачите го заборавија тој реши да им заби нов нож во грб и да потпише за нивниот најголем ривал.

Навивачите на Интер се бесни што Словакот оди во Јувентус, па го окупираа неговиот Инстаграм и следеше лавина од коментари и навреди.

Шкринар помина шест години во Интер и успеа да одигра 246 натпревари, постигнувајќи 11 гола и забележа пет асистенции.