Шишето вотка ми беше најдобар пријател

170
epa07001964 Wesley Sneijder (2-R) of the Netherlands with his wife and his children after the International Friendly soccer match between the Netherlands and Peru at Johan Cruijff Arena in Amsterdam, Netherlands, 06 September 2018. Sneijder made his final international appearance for the Netherlands. EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Во еден момент беше најдобар фудбалер во светот. Тие, кои добро го познаваат, ќе кажат дека беше жртва на силното лоби, затоа што кога играше најдобро, му беше украдена најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс Фудбал. Кариерата му беше прилично успешна, а да беше малку поодговорен во приватниот живот, сигурно ќе беше запаметен како еден од најдобрите играчи во фудбалската историја.

Преселба во редовите на Реал (М) е сон на секој фудбалер, но играњето за еден од најгламурозните клубови на светот со себе носи и многу жртви и невиден притисок. Ретки се тие играчи кои можат да се носат со такво нешто. Играњето за „кралскиот клуб“ најдобро може да покаже дали играчот ја има потребната ментална сила.

Точно дека звучи чудно, но трансферот во Реал (М) се има покажано кобно за многу фудбалери. Сите тие предизвици не можеше да ги контролира ниту прославениот холандски фудбалер, Весли Санјдер.

Пред две години, Снајдер ја раскажа својата приказна и откри дека играњето за Реал (М) му ја има уништено кариерата, му ги има уништено двата брака и поради „кралскиот клуб“ ја загубил жената од своите соништа. Снајдер се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во 2007 година, откако Ајакс го прифати понуденото обештетување од 20 мил. евра.

  • Не знаев дека преселбата во Реал (М) значи и дека сум се преселил во ноќниот живот на Мадрид. Се навлеков на тоа. Бев млад, уживав во успехот и ми се допаѓаше целото тоа внимание. Поради се тоа, животот ми тргна во поинаква насока.  Не се дрогирав, но многу пиев и водев рокен-рол стил на живеење. Бев ѕвезда на Реал (М). Сите работи кои ги направив беа сокриени од јавноста. Дури и како бев пијан, кога се валкав по улиците и кога трошев илјадници евра на алкохолните пијалоци. Бев ментално слаб и не дадов никаков отпор. Им дозволив на луѓето да ме третираат како ѕвезда. Во Реал (М) со мене секогаш беше еден фудбалер, најчесто тоа беше Гути, откри Снајдер.

Првата сопруга на Санјдер, Рамона Стрекстра, поднесе барање за развод откако се умори од неговите забави, а неговиот втор брак, со Јоланте Кабау, исто така пропадна затоа што фудбалерот продолжи да се дружи со алкохолот.

  • Не знаев дека шишето вотка ми е најдобар пријател. Сите други ми го кажаат тоа. Ми го кажа Руд ван Нистелрој, ми го кажа и Арјен Робен. Ми кажаа дека морам да бидам дисциплиниран и дека нема долго да издржам ако продолжам со таквото темпо. Постојано се забавував и тоа со лоши пријатели, жени и лош алкохол. Излегов од контрола. Тоа и го признав на мојата втора жена, Јоланте. И кажав дека моето срце е со неа. Не знам што ме натера на тоа. Егото? Парите? Власта или желбата? Сега чувствувам болка затоа што Јоланте живее во Америка. Таа беше жената од моите сништа. Ја загубив затоа што се уништив, додаде Снајдер.

После две сезони во Мадрид, Сандер беше продаден на Интер каде што ја освои Серија А, Лигата на шампиони и Купот на Италија. Беше член на славната генерација која во 2010 година ја освои триплетата. Истата година го загуби финалниот натпревар на СП во Јужна Африка.

После четири години во Милано, холандскиот интернационалец се пресели во редовите на Галатасарај, а го има носено и дресот на Ница и Ал-Гарафу. Пред три години стави крај на фудбалската кариера, а моментално има повеќе килограми од потребното.