Шешко ќе биде „топчија“

112

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал се вклучи во трката по потписот на словенечкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Поранешниот напаѓач на РБ Салцбург е проценет на околу 40 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажуваат уште неколку клубови од Премиер лигата.