Шефовите на ЦИА и МИ6 со заеднички апел за примирје во Газа

51

Прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас може да стави крај на страшните загуби на животи на палестинските цивили и да ги врати дома заложниците, порачаа првите луѓе на тајните служби на САД и Велика Британија.

Шефовите на американските и британските разузнавачки агенции, во реткав изјава од ваков вид, покрај тоа и заедничка, рекоа дека „континуирано работат“ на прекин на огнот во Газа и дека бараат мир. Директорот на ЦИА Вилијам Брнс и шефот на британската служба за надворешни работи МИ6 Ричард Мур изјавија дека нивните агенции „ги користат нашите разузнавачки канали за силно да поттикнат запирање (на војната) и деескалација“.

Во написот за Фајненшл тајмс, двајцата извршни директори рекоа дека прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас „може да стави крај на страдањата и страшните загуби на животи на палестинските цивили и да ги врати дома заложниците (на Хамас) по 11 месеци пеколно заробеништво“.

Директорот на ЦИА, Вилијам БрнсДиректорот на ЦИА, Вилијам Брнс
Директорот на ЦИА, Вилијам БрнсФотографија: Mark Schiefelbein/AP/picture alliance
Брнс беше силно вклучен во напорите за прекин на борбите, патувајќи во Египет во август на преговорите на високо ниво, со цел да се постигне договор за заложниците и барем привремено да се стави крај на конфликтот.

Засега нема договор, иако претставниците на САД инсистираат на тоа дека договорот е блиску.

Американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна изјави дека „неколку прашања“ остануваат нерешени.

Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека извештаите за напредок во разговорите се „целосно неточни“.

И САД и Велика Британија се цврсти сојузници на Израел, иако Лондон во понеделникот се оддели од Вашингтон со суспендирање на извозот на оружје во Израел поради ризикот тоа да се искористи за кршење на меѓународното право.

Брнс и Мур, исто така, ја нагласија силата на трансатлантските односи во време на „голема низа закани без преседан“, вклучувајќи ги Русија, Кина и постојаната закана од меѓународен тероризам.