Фановите на Ѓорѓе Балашевиќ по 14 месеци од неговата смрт ја добија новата песна на легендарниот кантавтор, што е преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа.

Песната е објавена на 63-тиот роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи е посветена на неа. Се вика „Роденденска“ и трае повеќе од шест минути, што за секој обожавател на Балашевиќ, звучи идеално.

Необјавената песна на Ѓорѓе Балашевиќ ги фрли во транс неговите обожаватели ширум поранешна Југославија, а многумина од нив пред два дена отпатуваа во Нови Сад, каде Оливера ја претстави новата песна и проширеното издание на стихозбирката „Допир на свилата“.

Од воодушевување и тага „горат“ и социјалните мрежи. Обожавателите на Балашевиќ изгледа тешко се помируваат со фактот дека никогаш повеќе нема да одат на неговиот концерт, но необјавените дела се голема утеха.

“Никој не оставил таков белег. Ви благодариме што го чувате делото. Како да е уште тука. Живее со своите деца”, пишуваат обожавателите.