Во Америка се случи трагедија, 16-годишниот Кејден Телиер загина на натпревар во американски фудбал во Алабама. Талентираниот бек се повреди во третата четвртина од натпреварот по груб старт, се здоби со тешки повреди на мозокот и за жал почина.
Директорот на училиштето, Брајасн Оливер, излезе во медиумите со информации за неговата повреда на главата и откри дека во трка со времето, Кајден во петокот вечерта бил пренесен во болница, каде што добил итна медицинска помош. Сепак, лекарите на крајот не успеале да го спасат.
„Тој беше ученик, пријател, спортист и што е најважно, верник во Христос. Нема зборови со кои може да се опише како се чувствуваме како училиште, заедница и семејство“, рече директорот на училиштето Брајан Олвиер во официјалното соопштение.
Како што пренесуваат американските медиуми, Кејден Телиер починал како последица на пукање на крвен сад во мозокот, а сето тоа по рутинска акција кога трчал со топката и бил соборен на земја. Сепак, истрагата сè уште е во тек и се истражува што довело до оваа трагедија.