Шерил Кол е милионерка, а брат ѝ е бездомник и просјак

288

Богатството на пејачката Шерил Кол се проценува на над 48 милиони евра, а нејзиниот брат Ендрју Твиди е бездомник и принуден да проси на улица.

Ендрју (41) за британските медиуми открива дека со години не разговара со својата славна сестра. Таа некогаш му плаќала за рехабилитација од дрога за 20.000 фунти, а сега веројатно и не знае колку му е тешка состојбата.

– Просам овде веќе три месеци и тоа ми го скрши срцето. Имам дотолку гордост, да го **ам. Со семејството што го имам, не треба да сум тука. Страшно е!, изјави тој за „Сан“.

Тој сега се жали дека Шерил не му помага. Ендрју има долга историја на насилно однесување и зависност од алкохол и дрога. Тој во мигов живее во шатор со пријател што го сретнал на улица, и вели дека останал без покрив над главата, откако раскинал со девојката на почетокот на оваа година. Има и син од претходна врска.

Тој 2011 година заврши в затвор и мина шест години, за вооружен грабеж, а во 2005 година, исто така, за грабеж, беше осуден на четири години затвор. Во првиот грабеж учествувал 1993 година, кога имал само 13 години, а потоа шест години бил сместен во поправен дом поради напад врз двајца ученици. Поради престојот во затвор, тој ја пропушти и венчавката на неговата сестра со фудбалерот Ешли Кол во 2006 година.

– Шерил сака да ми помогне, но јас не успеав премногу. Знам дека тоа ѝ го крши срцето, но не сум доволно силен да го средам тоа. Плачам кога ќе помислам дека толку ја повредувам сестра ми. Ѝ реков дека треба да се срами од мене, но таа ме сака и не сака да се откаже од мене, вели Ендрју во интервју од 2008 година.

Шерил никогаш не зборуваше јавно за проблемите на нејзиниот брат, но се знае дека му помогнала да се бори со зависноста.