Швеѓаните просечно годишно заработуваат по 26.500 евра

101

Секој шведски државјанин кој работи годишно заработува просечно по 287.000 илјади круни или 26.560 илјади евра што е по околу 2.200 евра месечно, објави шведската Агенција за статистика.
Сепак, приходот значително варира помеѓу градовите во земјата. Најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде што лани граѓаните во просек заработувале по 383.990 круни годишно или 35.530 илјади евра.
На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, од кои повеќето се наоѓаат во близина на главниот град Стокхолм.
Во соопштението се наведува дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, но јазот во приходите полека се намалува.