Шведскиот метал бенд Енфорсер обработи хит на екс-југословенската група Дивље јагоде што датира од 1985 година, а многу љубители на оваа култна група сметаат дека обработката звучи одлично, пишува Индекс.хр.

Енфорсер ја обработи песната „Лет на други свет“, а во нивната верзија се вика „Кон друг свет“.

Инаку оваа обработка, која на Јутјуб се појави пред неколку дена, особено ги израдува љубителите на Дивље јагоде од Србија, имајќи предвид дека Енфорсер годинава доаѓаат на Егзит.