Ракометната репрезентација на Франција со максимален учинок оди во четвртфиналето на Светското првенство во Полска и Шведска. Триколорите го осовија лидерското место во Групата 1, благодарение на победата над Шпанија (28:26) во последното коло од главната фаза.
Иако без важните играчи Карабатиќ и Болцингер, со Дика Мем во составот беше полесно да се спречи „фуријата“ да направи посакуван резултат. Првиот дел беше изедначен (13:13), а иако во еден момент Шпанците имаа плус три (21:18), Франција во финишот се врати и стигна до посакуванта победа Најдобри кај Франција беа Мае, Мем и Брие со по четири гола, а кај Шпанија, Фернандез имаше седум погодоци, пред Серхио со четири гол
Франција во четвртфиналето ќе игра со вториот од групата 3, Шпанија, пак, со лидерот. Тоа ќе бидат Норвешка или Германија.
Ракометната репрезентација на Шведска пред домашната публика ја совлада Португалија (32:30) и како перфектна патува во нокаут-фазата.
„Трите круни“ не оставија ништо на случајноста и не калкулираа, па го надиграа противникот кој имаше мотивација да се бори затоа што имаше шанси за нокаут-фаза. Сепак, Шведска продолжи без пораз и така ѝ направи услуга на Унгарија која благгодарение на нејзината победа се пласираше меѓу осуммте најдобри на шампионатот.
Петерсон со осум и Јохансон со седум гола беа најдобри кај Швеѓаните, додека кај Португалија, Итуриза даде седум, а капитенот Соуза имаше шест реализации.
Шведска ќе вкрсти со вториот од групата 4, додека Унгарија ќе игра со првиот од групата 4. Моментално, таму Египет е прв со осум бода, Данска е втора со седум бода. Математички шанси има и Хрватска, која е трета со пет бода. Во последното коло играат Данска – Египет.
За четвртфиналето остана само уште едно место (сигурни патници таму се Франциај, Шпанија, Шведска, Норвешка, Германија и Египет) коe ќе се пополни вечерва, а за него се бореа Данска и Хрватска.