Шабани им подари канти за ѓубре на Топаанци за да не ствараат диви депонии

63
SAMSUNG CSC

ЈП „Комунална хигиена“ подолг период се соочува со проблемот на неправилно одлагање на отпадот на улицата “Максут Садик” во населбата Топаана, општина Чаир, каде што континуирано се создаваат диви депонии, особено во реонот на игралиштето. Со цел да се спречи оваа појава, во координација со Урбаната заедница во оваа населба, ЈП „Комунална хигиена“ подели дополнителни сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства.

Директорот Абдусамед Шабани оствари средба со граѓаните и ги информираше за динамиката на собирање на отпадот, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.
SAMSUNG CSC

– И покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи, ова место претставува црна точка на која што постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Би сакал да нагласам дека не е надлежност, ниту пак, ингеренција на ЈП „Комунална хигиена“ да ги превенира или казнува прекршителите на Законот за јавна чистота. Во оваа прилика ги повикувам надлежните институции – инспекциските служби при Градот Скопје и општината Чаир да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина – изјави Шабани.