Хулахопките на Лепа Брена повторно тема на Твитер: Разочарана муштерика сподели и слика/ФОТО/ВИДЕО

3985

„Пукна Лејди Б“, пишува на твит во кој се наведува дека чорапите на Лепа Брена, промовирани како неуништливи, пукнале по првото носење, пренесува Нова.рс.

Разочараната твитерџика не сподели многу детали, па не е ни сигурно дали навистина ги носи чорапите на легендарната југословенска пејачка. Таа накратко напиша дека чорапите пукнале по првото носење и првото одење во тоалет.

Таа на Твитер сподели слика од искинати хулахопки на бутот.

Друг корисничка на Твитер напиша дека тие се „сè уште цели“ со неа – бранејќи го брендот на Лепа Брена.

Пејачката Лепа Брена претходно ја тестираше издржливоста на своите хулахопки „Lady B“ и предизвика хаос на социјалните мрежи со вирално видео на кое врти ананас во чорапите.

„Важно ми е хулахопките да бидат врвни. Тоа е 70-дневен експеримент. Не го направив тој експеримент со другите“, изјавила пејачката претходно, меѓу другото, за Нова.рс.

Хулахопките што ги сподели твитерџиката се различни од оние што ги носи Брена додека врти ананас – барем по бојата.