Чупиќ прв ракометар со три титули во ЛШ

151

Ракометарите на Вардар пак ја  израдува нацијата, откако по втор пат ја покорија Европа. Во големото финале на завршниот турнир славеа со 27:24 над унгарскиот Веспрем.

Овој успех е посебен за хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ, кој стана рекордер во ова натпреварување, прв ракометар кој успеал три пати да го подигне најпрестижниот ракометен трофеј во Лигата на шампионите.

Првиот пат му успеа пред четири години со тимот на Киелце, следната година тоа го повтори со Вардар, а вечерва стана бесмртен и по трет пат се радува на шампионската титула.