Австралиецот Тим Шедок и кучето Бела се пронајдени живи и здрави откако со месеци беа изгубени во море.
Човек и неговото куче кои биле изгубени во морето три месеци, а преживеале пиејќи дождовница и јадејќи сирова риба, биле спасени по тешко искушение. Тим Шедок и кучето Бела отпловија од Мексико на почетокот на април и имаа намера да отпатуваат за Француска Полинезија пред нивниот катамаран да биде погоден од бура само неколку недели по патувањето, притоа и електрониката на катамаранот се расипала, пишува Дејли Стар.
Бела, кучето на господин Шедок, мавташе со опашката кога ја здогледа камерата која пристигна како дел од спасувачката мисија. Говорејќи за австралискиот 9News, г-дин Шедок рече: „Поминав низ многу тешко искушение во морето. Само ми треба одмор и добра храна затоа што долго време бев сам таму. Инаку сум во многу добро здравје. Имам многу добри лекови и добро се грижам за себе”.