Возачите на автомобили во Калифорнија сѐ почесто ги оставаат багажниците на своите автомобили отворени.
Се работи за необична тактика на граѓаните, кои на овој начин сакаат да избегнат упади на крадци, јавуваат локалните медиуми.
Париса Хемат, сопственичка на бизнис во Оукленд, неодамна го остави багажникот на својот теренец отворен за да им покаже на потенцијалните крадци дека не вреди да провалат во нејзиниот автомобил, објави Inside Edition.
„Нема ништо во мојот автомобил и тие можат да видат дека нема што да земам“, изјави Хемат за медиумот.