Чуден, но успешен бизнис! Продава магла – 450 грама за 2,5 евра

132

Интересни се начините на кои луѓето заработуваат, а во Хрватска меѓу нив се истакнуваат два – продажба на магла и бура.  Продажбата на бура е шега, но „Карловачката магла“, која ја произведува Морана Розман навистина се продава и тоа во теглички од 450 грама по цена од 20 куни, или околу 2,5 евра.

„Ни успеа „герила маркетингот“, па многу од овие теглички се продаваат. Најмногу купуваат луѓе од Карловац, кои ги подаруваат тегличките на пријатели од Ирска или Германија. Тоа е сувенир, имав и порачки од Далмација, но се јавуваат и луѓе од Словенија и Србија“, вели Розман за хрватски Новац.хр, и додава дека постапката за производство е тајна.

Идејата ја добила во разговор со главниот дизјанер на здружението „Павиљон Катзлер 1897“, Невена Цетињанин. Здружението ги полни и ги продава стаклените тегли.