Чоколадна пица, а без тесто

59

Дали некогаш ви се јаде слатко, а најблиското нешто што наликува на тесто, бисквит или некаков падишпан што ви се наоѓа по дома е готово тесто за пица?

Добро слушнавте, да, ќе си направите слатка, суперчоколадна пица, и тоа без класично тесто.

Потребно е:

  •  3 чаши чоколадни капки од бела чоколада
  •  2 чаши полуслатки чоколадни капки
  •  2 чаши мали парчиња бел слез
  • 1 чаша крцкави оризови снегулки 
  • 1 чаша сечкани ореви
  • 1/2 чаша преполовени цреши мараскино
  •  1/4 чаша засладен рендан кокос
  • 1 лажичка масло од канола

Приготвување:

 Во сад растопете ги чоколадните капки во  микробранова печка на високо ниво 2 минути, или на класичниот начин за топење чокода на пареа. Веднаш додадете ги белио слез, житарките и оревите.

Развлечете ја смесата го рамномерно на плех за пица со размер од 32 сантиметри, поретходно напастен. Одозгора наредете цреши, наросете со кокос.  

Останатите капки од бела чоколада растопете ги во микробранова печка ги на високо ниво 1 минута. Додадете масло и мешајте додека не се изедначи. Напрскајте ја пицата.

Изладете додека не се здрви. Сервирајте на собна температура.