Човекот што запали хотел со баратели на азил ја доби најголемата изречена казна во Велика Британија за ваков вид насилство

45
Фото:принтскрин/Скај њуз

Дивјакот кој запали оган пред хотел во Ротерам во кој престојуваа баратели на азил за време на минатомесечните немири е осуден на девет години затвор, пишува Скај њуз. Тоа е најдолгата казна досега изречена во врска со минатомесечното насилство, кое избувна низ Велика Британија откако три девојчиња беа избодени до смрт на час по танц во Саутпорт.

Томас Бирли (27) од Свинтон, во близина на Ротерам, претходно се изјасни за виновен за подметнување пожар со намера да го загрози животот, учество во насилни нереди и поседување опасно оружје – телескопска палка.

Инаку, инцидентот се случи откако маскирани бунтовници упаднаа во хотелот „Холидеј Ин Експрес“ во Ротерам, Јужен Јоркшир, кој се користеше за сместување на баратели на азил. Во нередите тој ден, 4 август, беа повредени 64 полицајци.

Џереми Ричардсон, судијата за изрекување на пресудата, рече дека е „што е можно појасно“ дека Бирли „имал намера да шири порака полна со омраза, насилство и расизам“. „Се чини дека имате ставови кои немаат никаква емпатија за оние кои бараат азил во ОК“, рече судијата.

„Рековте дека отидовте во хотелот за да го изразите вашето мислење. Она што го направивте беше поттикнато од објавите на социјалните мрежи. Знаевте дека ќе учествувате во насилство од расистичка толпа. Ставивте шал на лицето иако тоа беше топол ден“, му рекол.судија.

Немирите уследија по бранот дезинформации, претежно распространети преку екстремно десничарските профили на социјалните мрежи, во врска со идентитетот на осомничениот за убиството на девојките во Саутпорт, за кој погрешно се тврдеше дека е барател на азил кој пристигнал во ОК со брод.