Сопругот на кралицата Елизабета Втора (92), принцот Филип (97), во четвртокот имаше сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам. Сведокот Рој Ворн (75), кој беше на местото на настанот, тврди дека на рацете имал крв од принцот, пишува „Дејли мејл“.
Рој му помогнал на Филип, кој бил сам во автомобилот, да излезе од превртениот ландровер.
-Погледнав надолу и видов крв на моите раце, рече Ворн кој го видел возилото превртено една секунда по несреќата.
Бакингамската палата потврди дека принцот Филип не треба да остане во болница, но ќе биде внимателно следен во наредните денови. Иако не бил повреден, тој се тресел и бил вознемирен.
-Треба да се внимава на него во текот на ноќта, бидејќи постои голем ризик во следните два дена. Ова не е мал настан за неговата возраст, кажа лекарот Ник Скривен, претседател на Здружението за акутна медицина.
Постои можност оваа несреќа, поради возраста на принцот, да има сериозни последици.