EPA-EFE/Grzegorz Momot

Познатиот словенечки ски-скокач, Петер Превц, на крајот од оваа сезона ќе ја заврши кариерата. Последен лет ќе му биде финалето во Светскиот куп кое традиционално се одржува во Планица, Словенија.

Превц зад себе има импресивна кариера, освои четири олимписки медали, од кои еден златен, а на светските првенства освои три медали. Тој победи на турнејата „Четири скокалници“ во 2016 година, а во истата година беше севкупен победник на Светскиот куп. Исто така може да се пофали и дека е трикратен светски шампион во скијање, како и прв во историјата кој прелетал над 250 метри.

Четири години по ред, од 2013 до 2016 година, беше избран за најдобар спортист во Словенија.