Човекот кој откри кога ќе започне војната: Путин има таен договор, војниците се подготвени за напад!

1522

Кирило Буданов, шеф на Главната управа за разузнавање (ХУР) на украинското Министерство за одбрана, рече дека севернокорејските војници се очекува да пристигнат во рускиот регион Курск во наредните денови. Според Буданов, тие ќе претставуваат засилување за офанзивата на московските сили, што се очекува поради упадот на украинската армија во областа Курск. Која точно ќе биде задачата на севернокорејските војници се уште не е познато, но има се повеќе информации за нивното присуство во Русија.

– Очекуваме првите единици да пристигнат на Куршкиот фронт – рече Буданов.

Шефот на украинското разузнавање додаде дека многу наскоро ќе има повеќе информации за бројот на војници кои ќе бидат испратени во Курск и како тие ќе бидат опремени.

На 17 октомври, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј во вечерното обраќање рече дека Русија има намера да вклучи околу 10.000 војници од Северна Кореја, инсистирајќи на тоа дека Пјонгјанг со тоа се приклучи на војната.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека очекува да слушне детален извештај од Јужна Кореја во врска со наводното распоредување на севернокорејски трупи во Русија. Дотогаш, рече тој, НАТО не може да потврди дека овие војници се ангажирани во Украина.