Читаку: Србија никогаш повеќе нема да владее со Косово

334

Косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку, на седницата на Советот за безбедност на ОН што е во тек, го обвини рускиот службеник на УНМИК Михаил Красношенко дека користејќи возило на УНМИК помагал во подигање на барикади и спречил косовската полиција да си ја изврши задачата.

Таа рече дека Красношенко „донел моторна пила, за да урне дрвја на патот и да спречи преминување на косовската полиција“.

Вљора Читаку

-Обвинувањата дека косовските власти намерно го таргетираат персоналот на УНМИК се несфатливи. Досега на ниеден службеник на ОН на Косово ништо не му се случило ниту бил мета на закани и заплашување, рече Читаку.

Таа во име на властите во Приштина побара меѓународна истрага за овој инцидент.

-Србија никогаш повеќе нема да владее со Косово, рече Читаку.