Чистка во Украина: Зеленски го разреши командантот на воздухопловните сили поради падот на Ф-16

98

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук по падот на авионот Ф-16.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски го назначи генерал-полковник Анатолиј Кривоношко на функцијата нов командант наместо Олешчук.

Пред ова назначување, Кривоношко ја извршуваше функцијата командант на командата на воздухопловните сили „Центар“ на вооружените сили на Украина.

Претходно, еден од ловците Ф-16, кој Киев го доби на крајот на јули, се урна во понеделникот на 26 август, само неколку недели откако првиот авион од американско производство пристигна во Украина, објави „Волстрит џурнал“.

Иако западните медиуми пишуваат дека авионот бил соборен за време на рускиот бараж, од Украина доаѓаат информации дека борбениот авион загинал во судир со украинскиот противвоздушен систем „Патриот“.