Богатство од мириси и неверојатен вкус…

Потребно е:

  • 500 г пилешко бело месо
  • 250 г црвена леќа
  • 100 г корен од целер
  • 70 г корен од пашканат
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче кари
  • 1 г шафран
  • 1/2 лажиче мелен ким
  • 1/2 лажиче коријандер
  • 1/2 лажиче цимет во прав
  • 400 мл пилешка супа
  • 1 млад кромид

Подготовка:
– Кромидот, целерот и пашканатот исечете ги на мали коцки. Морковите исечете ги на тркалца. Пилешкото месо исто исечете го на коцки.

– Во подлабок сад на рингла загрејте го маслото и на него испржете го пилешкото месо со постојано мешање. Ставете сол и црн пипер по вкус.

– Додадете ги кромидот, морковите, целерот и пашканатот и динстајте 15-тина минути.

– Потоа додадете кари, шафран, ким, коријандер и цимет. Сипете ја супата и варете на тивко уште 10-тина минути.

– Леќата исчистете ја, измијте ја под млаз ладна вода и додадете ја во садот на рингла. Варете додека не омекне леќата.

– На крај зачинете ако е потребно со уште малку сол и црн пипер.

– Младиот кромид исечкајте го. Јадењето сервирајте го во чинии и одозгора посипете со сечканото младо кромитче.