Чиле со сензационална победа над Австрија

45

Ракометарите на Чиле го направија најголемото изненадување до сега на Светското првенство во Германија и Данска, откако во второто коло од групната фаза ја совладаа Австрија со убедливи 32:24.

Најефикасен во оваа прва победа на Чиле беше Евин Фојтман со девет погодоци, додека на спротивната страна Роберт Вебер постигна шест гола.

Првата победа на ова првенство ја запиша и селекцијата на Русија, откако беше подобра од Кореа со 34:27. Најефикасен во победничката репрезентација беше крилото на Вардар, Данил Шишкарев со седум погодоци.