Чешките државни службеници протестираат против задолжителната вакцинација

39

Над 3.000 чешки државни службеници потпишаа протестно писмо против владините планови вакцинацијата против Ковид-19 да се направи задолжителна за нивните различни професии, јави ДПА.

Меѓу потписниците има војници, полицајци и припадници на противпожарната и спасувачката служба.

Во писмото, што денеска е објавено, новиот чешки премиер Петр Фиала се повикува да ја повлече регулативата што треба да стапи на сила на 1 март. Во спротивно, велат, може да дојде до бран отпуштања што може да ги загрозат „основните функции на државата“, пренесува ДПА.

Условот за задолжителна вакцинација го донесе претходната влада, предводена од популистот Андреј Бабиш.

Според официјалните податоци, стапката на вакцинација кај чешката полиција и противпожарна бригада досега изнесуваше повеќе од 75 отсто и околу 85 отсто кај армијата.