Четри понуди за Лингард

128

Четри клуб кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Англиските медиуми открија дека официјална понуда за Лингард веќе подготвиле раководните лица на Евертон, Њукасл, Вест Хем и на Лестер. Лингард веќе подолг период игра во лоша форма и затоа челниците на Јунајтед сакаат да се ослободат од неговите услуги но официјалната понуда не смее да биде помала од 35 мил. фунти.