Четири лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија

41

Четири лица загинаа во лавина денеска во австриската провинција Тирол, јави австриската агенција АПА.

Несреќата се случила на австриските Алпи во близина на границата со Швајцарија, а покрај четворицата загинати, едно лице се смета за исчезнато.

Лавината започнала во близина на градот Спиша во Тирол, каде во последните денови падна многу снег, а ангажирани се австриски и швајцарски хеликоптери.

Австриските медиуми претходно денеска објавија дека до лавина дошло и на скијачките патеки во Зелден, во друг дел на Тирол.