За време на аџилакот во Мека животот го загубија 14 Јорданци, од кои шест поради горештините, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска јорданското Министерство за надворешни работи.
Министерството наведува дека најмалку шест Јорданци загинале поради високите температури, додека утре се очекува во Мека да бидат 47 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Како што јави јорданската новинска агенција ПЕТРА, министерството соработува со властите на Саудиска Арабија за жртвите да бидат погребани, а телата на оние чии семејства сакаат да бидат погребани во Јордан да бидат префрлени во таа земја што е можно поскоро.