Голем број тенисери решија да го кренат гласот против АТП, бидејќи најавените промени во овој спорт претставуваат „удар за нивното постоење“. Што е тоа? Се намалува бројот на двојки на турнирите, па дури 49-мина тенисери, од кои повеќето од топ-20 на листата со двојки, испратија писмо до АТП со закана за тужба.

Планот беше да се почне со спроведување на правилата од Вимблдон, па засега новите правила се „повлечени“ од Хамбург, Гштад, Баштад и од Кицбил во јули, пренесува ITV. Причината поради која АТП ја повлече оваа одлука е тоа што смета дека не им го соопштила ваквиот потег навреме, поради што двојките сметаат дека оваа промена неминовно ќе се случи во иднина, едноставно затоа што организацијата забележала дека тие не се доволно атрактивни на турнирите.

Според нивно мислење, воведувањето вакви ограничувања на крајот од сезоната „може да ја уништи можноста голем број тенисери да продолжат да заработуваат од овој спорт“. Играчите напишаа во писмата дека се носат чудни одлуки цела сезона, предупредувајќи дека ограничувањето на учеството на играчите во двојки е удар за нивното постоење.

– Со нетрпение очекуваме да се укинат новите ограничувања на турнирите. Доколку не се укинат, играчите ќе се консултираат за тужбата – изјавија играчите, кои беа информирани за новите правила дури на 30 јуни, само две недели по нивната имплементација.

Едноставно, од АТП забележаа дека „не им се исплати“ сериозно да заработат на турнирите во двојки, па решија да ги скратат, но не очекуваа толку силен одговор. Ова е само уште еден во низата бунтови во тенисот, делумно затоа што другите не знаеја да застанат зад Новак Ѓоковиќ кога најави што ќе се случи. Затоа Ѓоковиќ се повлече од чело на Советот на играчи на АТП и ја основа својата организација ПТПА, која се бори за правата на тенисерите што не се на самиот врв.

Во меѓувреме, тоа резултираше со одредени промени во сингл, каде што АТП во иднина ќе одвојува пари за оние што не се меѓу првите 250, но очигледно е дека се потребни реформи и во двојки.