Босанските медиуми наведуваат дека младите играчи со месеци трпеле физички и психичко насилство од страна на М.Б., Б.Ш., М.М. и А.П. Наводно, малтретирањето било утврдено според тоа како играле играчите. Четворицата ракометари воделе статистика за бројот на грешки кои ги правеле младите играчи на теренот, па така поголемиот број на грешки би значело и построга казна.

Од Ракометниот клуб „Козара“ прво ги суспендираа четворицата играчи, па потоа клубот се повлече од натпреварувањето од прволигашката конкуренција во Република Српска.

За потсетување, овој клуб требаше да игра во босанската елита и да се натпреварува против најдобрите клубови, но од финансиски аспект го откажа учеството.

Младите ракометари биле тепани и со мокри пешкири во клупската соблекувална. Четворицата насилници се суспендирани до завршување на истрагата. Клубот од Козарска Дубоица во понатамошниот тек од сезона 2023/24 ќе продолжи да се натпреварува само во младинските категории.