Македонското друштво „ Илинден“ – Тирана, упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста.
– Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана ви го честитам 8-ми Септември, Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 30 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои меѓу другото во честитката.
Се додава дека овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.
-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честиката, потпишана од Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.
Честитка, по повод Денот на независноста, од свое и од име на партијата упати и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.